РакометРакомет - Суперлига

ФОТО: Во неизвесен меч, Тиквеш го доби Еурофарм Пелистер 2 и значително ги зголеми шансите за плеј-оф

Ракометерите на Тиквеш вечерва ја забележаа најважната победа против Еурофарм Пелистер 2 со 24:22 на патот кон обезбедување на место во плеј-оф од Суперлигата.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Битолчани на стартот влегоа доста сигурно и имаа водство од три разлика при 3:6, по што Тиквеш веднаш се врати резултатски и не дозволи противникот да направи посериозна разлика, па резултатот беше 6:6, а голманот Стојановски беше еден од клучни кој го држеше Тиквеш резултатски.

Еурофарм Пелистер 2 на полувреме имаше предност од 10:12. На стартот од вториот дел Кондев со три погодоци го врати Тиквеш повторно на израмнет резултат односно 17:17. Ваквиот резултат направи натпреварот во „Јасмин“ да биде неизвесен и возбудлив до самиот финиш.

ФОТО: Спортска Мрежа

Трилер завршницата на крај ја доби Тиквеш кој славеше со 24:22.

Кондев со шест погодоци беше најдобар кај Тиквеш, а пак Павле Атанасијевиќ и Павле Петровиќ со по пет погодоци беа најдобри кај гостите од Битола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!