(ФОТО) ВМФЛ – Исток: Победа прволигаш, Беласица во бараж, Осогово во Трета лига

Денес се одигра последното коло од Втора лига – Исток, со што беше комплетирана сезоната. По четири сезони Победа се врати во Прва лига, а Беласица ќе игра бараж за ПМФЛ. Кочански Осогово испадна во Трета лига – Исток.
Беласица до трите бодови стигна со погодоците на Александар Милушев, Филип Михаилов и Александар Коцев, а пак за домаќинот погоди Кирил Стојков.

Пехчево со двата гола на Бошко Ступиќ и третиот гол кој беше дело на Зоран Андов со 3:0 славеше над Локомотива.
Осогово иако славеше убедливо на „Могила“ над отпаднатиот Братство (2:4) од следната сезона се сели во Третата фудбалска лига – Исток. Четирите погодоци за „жетварите“ од Кочани беа дело на Тоше Манев, а пак за домаќинот погодоците ги постигнаа Самир Каришиќ и Музафер Алиоски.

Детонит со триумф од 2:1 на домашен терен над Каменица Саса го завери опстанокот во второлигашкото друштво за следната сезона. Тони Мирчевски и Минур Асанов беа стрелци за домашниот тим, а пак за гостите погоди Алекс Стоименовски.
Слога 1934 загуби на домашен терен од новиот шампион Победа со што виничани останаа со празни раце сезонава, односно нема да играат бараж за историско учество во Прва лига. Иван Митров беше единствен стрелец за домаќинот, а пак Даниел Карчески и Атдхе Мазари беа стрелци за прилепчани.
Од Втора лига – Исток испаднаа Локомотива Градско (Трета лига – Југ), Братство од Житоше (Трета лига – Југ) и Осогово (Трета лига – Исток).