ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Високи победи за БВК Коњаре и Башкими, реми во Волково, бод за Кадино

По една година пауза денес започна новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Север со натпреварите од 1. коло.

ССК Нова на стартот од сезоната со 1:2 беше поразена од Фортуна. Стрелец за домашниот тим беше Алексеј Стефаноски, додека пак гостите со погодоците на Јованчо Цаневски и Фљорим Муртезани преку пресврт дојдоа до три бодови.

БВК Коњаре со голем триумф од 4:2 над Беса Влазрими ја започна новата сезона. Фати Јусифи стрелаше за водство на домашниот тим, а двојни стрелци беа Орхан Мифтар и Кристијан Ристовски. За гостинската екипа погодоција Харун Касуми и Локман Шабани.

Петровец на крилата на Халил Калач го доби дуелот со Еуромилк ГЛ (0:1) на стартот од новата сезона.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Волково и Раштак го поделија „пленот“ во меч каде беа постигнати четири погодоци (2:2). За домашниот тим двоен стрелец беше Ангел Тодоровски, додека пак за гостите стрелаа Давид Вељановски и Ѓорѓија Атанасков.

Башкими Љуботен ремизираше против ланскиот второлигаш Кадино играјќи 1:1. Домаќинот прв дојдо до водство со голот на Аљајдин Османи постигнат во 58. минута, додека пак Петре Тасевски во 78. минута стрелаше за конечни 1:1.

Башкими од Куманово со убедливи 4:0 го декласираше Илинден на стартот од новата сезона. Егзон Азири беше двоен стрелец во убедливата победа на неговата екипа, а во листата на стрелци со по еден погодок се впишаа и Ергин Шерифи и Самир Крутај.

Маџари Солидарност беше поразен на „Борис Трајковски“ од Аеродром со резултат од 1:2. На полувреме гостите имаа водство од 0:2 со погодоците на Кристијан Апостоловски и Бројан Тодоровски, додека пак на стартот од вториот дел Роберт Илиевски стрелаше за конечни 1:2.

Пицерија Скар – во самото срце на прекрасното Крушево, традиција уште од 1997

Натпреварот помеѓу Риниа и Студена Вода не се одигра, бидејќи како што е наведено во забелешката од службениот записник од натпреварот, мечот се одиграл бидејќи домаќинот немал доволен број млади играчи.

„Натпреварот не се одигра бидејќи домаќинот немаше доволен број млади играчи. Изјава од домаќинот: „Книшките се однесени во ОФС, играчите не се пререгистрирани. Грешка е во ОФС не е во нашиот клуб“, се вели во забелешката од официјалниот записник на натпреварот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!