Европски ФудбалФудбал

ФОТО + ВИДЕО: Погледнете каде заврши Н’Голо Канте по натпреварот

Францускиот играч за врска Н’Голо Канте одигра уште еден феноменален натпревар во дресот на Челзи. Неверојатниот играч за врска уште еднаш се истакна на теренот против Манчестер Сити и беше еден од најдобрите играчи на „сините“ од Лондон во финалето на Лигата на шампионите.

На социјалните мрежи, бројни фудбалери и фудбалски аналитичари му оддаваат почит на Канте за она што го стори синоќа, и нема сомнение дека Французинот е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.

Исто така добро знаат во Челзи каков играч имаат во своите редови. По завршувањето на натпреварот, Канте заврши во рацете на корпулентниот Курт Зума, кој на овој начин ја изрази својата почит кон него.

Зума го држеше Канте како да е дете, а насмевката на одличниот играч за врска на Челзи никогаш не го напушташе неговото лице. Канте е навистина прекрасен фудбалер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!