ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Велес го исфрли фаворитот Јувентус Серава од Купот и обезбеди четвртфинале

Иако Јувентус Серава важеше за фаворит во осминафиналната рунда против Велес од футсал Купот на Македонија, сепак гостите направија изненадување и со 3:5 го исфрлија фаворитот и обезбедија следна фаза од Купот.

>>> ИСТРАЖЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ФОТОГРАФИЈА И ВИДЕО НА КОТВА.МК <<<

Во воведниот натпревар резултатот беше отворен по осум минути игра, откако Дионис Укшини погоди за водство од 1:0 за домашните, а до крајот на првиот дел Александар Трпковски стрелаше за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел гостите брзо дојдоа до водство, откако на стартот од второто полувреме Зоран Тасески и Даниел Боневски обезбедија водство од 1:3. Екипата на Велес преку Кадир Амза стигна до убедливи 1:4 во 29. минута, по што домаќините со два погодоци на Омер Османи во 34. и 37. минута намалија на 3:4 и го направија финишот да биде неизвесен. Само две минути подоцна, односно на 60 секунди пред крајот на натпреварот Кадир со втор погодок ги постави конечните 3:5 со што Велес обезбеди следна фаза.

Возбудувањата од Купот продолжуваа и денес, а последните натпревари се играат во недела.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!