ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Вардар закажа три контролки во Анталија со екипи од Украина и Русија

Македонскиот второлигаш Вардар кој е најтрофеен фудбалки клуб во нашата држава утре заминува за Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од зимските подготовки.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

„Црвено-црните“ на турско тло ќе одиграа три контролни средби. На 28. јануари ќе биде одиграна првата контролка против Полисија Житомир од Украина, на 1. февруари следува тест со СКА Ростов, а пак последниот меч кој е закажан за три дена подоцна ќе биде против Томск од Русија.

Генералката на Вардар ќе биде против струмичкиот второлигаш Беласица кој исто така претендира за кам-бек во елитата.

Вардар есенската полусезона во Втората лига – Запад ја заврши на третото место, а целта на екипата ќе биде да се избори за место кое носи повисок ранг на натпреварување.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!