ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Вардар загуби во Гостивар, Силекс и Воска Спорт итаат кон Прва лига, Охрид со важен триумф

Тетекс и Беса во дербито одиграно во Тетово го поделија „пленот“ играјќи 0:0. Со овој бод екипата од Добри Дол прави чекор напред во битката за опстанок, а пак „штофарите“ остануваат сигурни на четвртото место.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Вардар е се подалеку од враќање во Првата лига, откако Ринор Ајдини во 94. минута погоди и го обезбеди целиот „плен“ за Гостивар (2:1). „Вардаци“ уште во 9. минута од мечот дојдоа до водство од 0:1 со голот на Бенјамин Демир.

Моментот кога Ајдини го упатува шутот кон противничкиот гол за конечните 2:1 и триумф на Гостивар

Пред крајот на првиот Хусеин Демири погоди за 1:1. Во вториот дел неизвесноста траеше во текот на цело полувреме, а во судиското надополнување Ајдини во 94. минута со атрактивен гол го одалечи Вардар од Прва лига.

Воска Спорт преку пресврт дојде до триумф од 1:2 над последнопласираниот Кадино. Домаќин пружи силен отпор кон фаворитот од Охрид, уште во 5. минута со голот на Марио Благојевски го отворија резултатот за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Љупчо Трчески и Михајло Јакимоски погодија за целиот „плен“ плен да замина во Охрид.

Туристичка огласна платформа – Котва.МК ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ

Охрид обезбеди три важи бодови и излезе од опасната зона за директно испаѓање во Трета лига, откако на „Билјанини Извори“ го доби дуелот со Кораби (2:1). Сите три погодци паднаа во првиот дел, а охриѓани први дојдоа до водство од 2:0 со погодоците на Фитор Реџепи и Роберт Митев, на минута пред крајот Бљерон Муча погоди за конечните 2:1.

Силекс обезбеди нов триумф откако на гостувањето кај Велешта славеше со 1:2. Антонио Каланоски во 27. минута донесе водство за кратовци. Во вториот дел Давид Манасиевски ја дуплираше предноста со гол во 64. минута. Во финишот од мечот Албнор Каба погоди за конечните 1:2 и го ублажи поразот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!