ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Вардар Неготино промовираше четири засилувања – целта е Втора лига!

Третолигашот Вардар од Неготино денес промовираше четири нови засилувања, со кои во новата сезона повторно ќе атакува на освојување на врвот и преку бараж повторно да се бори за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Неготинци минатата сезона беа шамиони во Трета лига – Југ, но во баражот загубија во пенал-рулетот од Караорман (шампион на Трета лига – Југозапад) и со тоа останаа повторно во третолигашкото друштво.

Нови имиња во таборот на Вардар се Пане Гогов, Борче Гогов, Слободан Манев и Дејан Митров.

17-годишниот Пане Гогов во Неготино доаѓа од редовите на Њу Старс, тој е повратник во Вардар Неготино, а има настапува за младинските категории на Брегалница, Академија Постов и Академија Пандев.

Борче Гогов, кој има 19 години, во Неготино пристигнува од второлигашот Каменица Саса, а има настапувано и за Тиквеш, Брегалница, Скопје и Академија Пандев.

Манев има 18 години и во Неготино доаѓа од Работнички, а потекнува од школата на Тиквеш.

25-годишниот Митров ја продолжи верноста со Вардар Неготино со потпис на нов договор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!