ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Вардар Неготино и Питу Гули тргнаа убедливо, три бода и за Превалец и Големо Коњари

Денес започна новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ со натпреварите од 1. коло.

Екипата на Вардар од Неготино тргна со сигурен триумф од 0:2 против Марена, кој беше обезбеден во финишот од мечот.

Резултатот го отвори Антонио Јанев во 76. минута од мечот, а конечниот резултат го постави Марјанчо Илов во 89. минута.

Питу Гули убедливо ја започна новата сезона, откако на гостувањето кај Обршани со 1:4 триумфираше. Виктор Ѓорески беше единствен стрелец за домашниот тим, додека пак за екипата од Крушево двоен стрелец беше Коста Степаноски, а по еден гол постигнаа Беким Алимоски и Ѓoрѓи Стрезовски.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Големо Коњари со минимален триумф од 1:0 над Бучин ја отвори сезоната. Стрелец на единствениот погодок беше Николче Касниоски.

Превалец со минимални 1:0 славеше над ланскиот второлигаш Локомотива од Градско. Ангел Гаштев беше стрелец на погодокот постигнат во 1. минута.

Во Кривогаштани беше поделен „пленот“, откако Младост и Слога одиграа 1:1. Гостите дојдоа први во водство, откако Есмин Колашинац постигна гол во 30. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Хоки Тодороски постигна гол за конечни 1:1 во 55. минута.

Новиот третолигаш Канатларци и Росоман одиграа 1:1 и ги поделија бодовите. За Росоман стрелец беше Марко Миловановиќ, додека пак за Канатларци погоди Мехмедали Јусуфоски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!