ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Вардар Неготино го „столчи“ Превалец со „петарда“, високи победи за Слога, Црнилиште и Росоман

Вардар Неготино остана без конкуренција во трката за баражот за пласман во Втората фудбалска лига. На Градскиот стадион во Неготино и покрај лошите временски услови „вардарци“ имаа силна поддршка од домашната публика која уживаше во убедливата победа на Вардар, кој со 5:0 го „столчи“ конкурентот Превалец.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Победата на домашниот тим беше најавена уште во првиот дел кога имаа водство од 3:0. Двојни стрелци за Вардар беа Ѓорѓи Шишков и Кирил Неделков, додека пак еден гол беше дело на Петар Ристовски.

На пет кола до крајот Вардар Неготино останува без конкуренција и сосема сигурно ќе патува во баражот за Втора лига, каде ждрепката ќе одлучи против кого од веќе познатите шампиони на Трета лига – Исток (Овче Поле), Трета лига – Југозапад (Караорман) и Трета лига – Запад (Арсими) ќе ги одмери силите.

Големо Коњари на домашен терен доживеа пораз од Ново Црнилиште со резултат од 2:4. За домашниот тим стрелци беа Игор Тошев и Николче Касниоски, а пак за гостите двоен стрелец беше Ерџан Ибраимоски, а по еден гол постигнаа Беџахудин Сулејмани и Блеранд Ќамили.

„Фенерџијата“ Возарци ДМД приреди изненадување откако на домашен терен со минимални 1:0 го доби Младост 1930 од Кривогаштани. Единствен стрелец беше Стефан Илов кој стрелаше во првиот дел на мечот.

Динамо славеше над Обршани во меч со седум погодоци (4:3) на домашен терен. Валентин Степаноски беше стрелец на два погодоци, а по еден гол постигнаа Кире Наумоски и Филип Наумчески. За гостите двоен стрелец беше Бобан Крстески, а пак Дарко Евтимџиоски беше стрелец на првиот гол.

Слога 1976 на домашниот терен во Лажани со 5:3 триумфираше над Марена. Едис Зијадиќ беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Александар Неделкоски, Ќамил Халиловиќ и Армин Потурак. За гостите погодија Александар Јованов, Данчо Давидовски и Мартин Јовановски.

Прегледот го овозможи Revolution Development

Бучин го загуби дуелот со Росоман откако на домашен терен со 2:4 беше поразен од ланскиот второлигаш. За домашниот тим Михаил Вурменски беше двоен стрелец, а пак за гостите стрелаа голгетерот Игор Ѓорѓиев, Стеван Менковиќ, Стефан Тодоровски и Петар Николов.

Вардар Неготино е непоразен лидер со 53 бодови, а пак второпласиран е Превалец со 45 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!