ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Вардар Неготино го подигна шампионскиот пехар и му „пукна“ ДЕСЕТКА на Возарци ДМД

Денес на Градскиот стадион во Неготино и официјално му беше врачен шампионскиот пехар на Вардар. Неготинци ќе играат бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

На последниот натпревар во рамки на 26. коло од Трета лига – Југ, Вардар уште еднаш покажа сила, моќ и тотална доминација, откако со убедливи 10:1 го понижи „фенерџијата“ Возарци ДМД.

Денешниот меч слободно можеме да кажеме дека беше тренинг-натпревар за Вардар Неготино, кој сега ќе чека на ждрепката за да го дознае противникот за бараж натпреварот.

Најрасположен за голови во Неготино денес беше Ѓорѓи Шишков кој постигна четири погодоци, додека пак хет-трик постигна Кирил Неделков, по еден гол постигнаа Петар Најдов, Петар Рисовски и Петар Најдов.

Бучин сезоната ја затвори со убедлива победа од 6:2 над Динамо. Херојт за домашниот тим беше Христијан Димовски кој постигна четири погодоци, а во листата на стрелци со еден погок се запиша и Мартин Стрезовски. Кај гостите стрелаа Славе Тодоровски и Кире Наумоски.

Питу Гули со триумф ја затвара сезоната, откако во Крушево со убедливи 3:1 ја совлада Слога 1976 од Лажани. Гостите први стигнаа до водство со голот на Александар Неделкоски во 15. минута од мечот. Пред крајот на првиот дел Соте Волчески погоди за 1:1. Во вториот дел Ванѓели Петрушу и Никола Ѓорѓиев не дозволија изненадување и ја потврдија победата за домашниот тим.

Текстот го овозможи Revolution Development

Обршани и Младост 1933 го поделија пленот играјќи 3:3. За домашниот тим двоен стрелец беше Александар Чешелковски, а првиот гол беше дело на Бојан Наумоски. За гостите од Кривогаштани стрелаа Иица Мијајлески, Николче Папучкоски и Бени Кулески.

Превалец со тесен резултат (3:2) го доби Големо Коњари. Резултатот на полувреме беше 1:0 за домашниот тим со голот на Бобан Атанасовски. Во вториот дел Филип Бешовски израмни на 1:1. Во 67. минута Пеце Стојанов го врати водството за Превалец од 2:1, а по четири минути игра Петар Петроски погоди за 2:2. Неизвесноста продолжи, а седум минути подоцна Александар Крстевски постигна гол за конечните 3:2.

Вчера, во воведниот меч Марена со 7:5 славеше голема победа над Ново Црнилиште. Извештајот од тој меч можете да го прочитате ОВДЕ.

Ждрепката за баражите за Втора лига е закажана за во понеделник. Вардар Неготино последен пат во Втора лига – Исток се натпреваруваше во сезона 2018/2019 кога заврши на претпоследното место на табелата и експресно отпадна во Трета лига – Југ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!