ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Вардар Неготино е шампион и ќе игра бараж за Втора лига, триумф за Питу Гули

На едно коло пред крајот на сезоната во Трета лига – Југ, Вардар од Неготино е нов шампион и ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Вардарци денес го збришаа убедливо Динамо на теренот со вештачка трева во Прилеп со 0:4 со што направија недостижна разлика во однос на конкурентот Превалец кој сезоната ќе ја заврши на второто место.

Двоен стрелец за новиот шампион од Неготино беше Петар Најдов, а по еден гол постигнаа Дарко Мојсовски и Ѓорѓи Шишков.

На дербито одиграно во Лажани помеѓу Слога 1976 и Бучин паднаа седум погодоци, а трите бодови заминаа кај гостите, кои беа подобри со 3:4. За домашниот тим двоен стрелец беше Едис Зијадиќ, а третиот гол беше дело на Неџат Алиоски. За гостите стрелаа Бојан Мицески, Христина Пачешкоски, Александар Србиноски и Миле Звездакоски.

Питу Гули со минимални 0:1 славеше кај Младост 1930 во Кривогаштани со погодокот на Ѓорѓи Стрезовски постигнат во 70. минута од мечот.

Возарци ДМД дома загуби убедливи со 1:6 од фаворитот Превалец, во меч кој не го дочека својот крај, откако домашната екипа остана со помалку од 7 играчи.

Ново Црнилиште со службени 3:0 го доби мечот со Обршани, откако гостинската екипа не се појави на теренот.

Прегледот на колото го овозможи Revolution Development

Во воведниот меч Росоман со убедливи 0:4 славеше кај Големо Коњари.

Вардар Неготино, во баражот за Втора лига, за противник ќе добие еден од останатите третолигашки шампиони- Овче Поле, Караорман или Арсими.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!