ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Вардар ја доби Победа на пенали, Работнички сигурен против Слога, Пелистер со најубедлива победа во Купот

Денес се одиграа 1-16 финалните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија. Екипата на Пелистер запиша најубедливата победа откако со 0:9 славеше над Љуботен, додека пак лесни победи запишаа Работнички кој со 0:3 славеше во Виница над Слога, Македонија ЃП со ист резултат славеше во Радовиш над Детонит, Струга Трим Лум со 0:2 беше сигурна над Каменица Саса, а со ист резултат сигурен беше и Тиквеш против Новаци.

Со 0:2 славеше и Охрид над Локомотива, Ренова со убедливи 0:4 го совлада Гостивар, Беласица со 1:2 славеше во Дербар над Кораб.

Интересен и возбудлив натпревар имаше во Прилеп меѓу Победа и Вардар, а повеќе среќа имаше најтрофејниот македонскиот клуб кој преку пенал рулет обезбедни следна фаза од Купот. Капитенот Дејан Блажевски во 53. минута од мечот донесе предност за Вардар, додека пак Дарко Анѓелески во 95. минута од натпреварот постигна гол за 1:1. По што натпреварот се решаваше на пенали. За Вардар успешно погодија Дејан Блажевски, Филип Петров, Иван Николов, Дарко Глишиќ и Филип Петковски, додека пак за Победа успешни беа Дарко Анѓелески, Филип Споркоски, Христијан Митрески и Антонио Бошески, додека пак Анатолиј Петејчук беше трагичар за прилепчани.

Дарко Додев донесе победа за Брегалница во Охрид против Воска Спорт од 0:1, Беса и Скопје одиграа 1:1, а во пенал рулетот „пиратите“ беа подобри.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!