ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Вардар го уништи Борец, Гостивар го „тресна“ Пелистер, Воска со нов триумф, реми во Виница и Струмица

Големото супер-дерби во Битола заврши со висок триумф за Гостивар, кој со 1:3 славеше над Пелистер.

Во дербито кое можеби и ќе се покажи како клучно за местата кои водат во Прва лига, Гостивар се враќа дома со целиот плен и потврди дека турболентниот период кој што го имаше пред нешто повеќе од една недела е минато.

Резултатот го отвори Пелистер, откако Грујоски покажа на белата точка, а успешно реализираше Сашо Дуков за 1:0. Радоста на домашниот тим траеше кратко, во 32. минута судијата Грујоски покажа на белата точка сега за гостинскиот тим, а новото засилување Антонио Каланоски успешно погоди за 1:1.

Нов шок за домашниот тим следуваше пред крајот на првиот дел, кога во 45. минута Емран Рамадани ја стресе мрежата на Илче Петровски за 1:2 за пресврт и водство на Гостивар на полувреме.

Неизвеноста за целиот „плен“ траеше до 77. минута, кога Стојанчо Велинов ја стресе мрежата на Петровски за конечни 1:3 и голем триумф за гостинскиот тим на патот кон Прва лига.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ, КОНТАКТ: 074 241 247

Воска Спорт останува непоразен лидер во Втората македонска фудбалска лига, откако со 2:1 на „Билјанини Извори“ славеше над Беса од Добри Дол, која го впиша првиот сезонски пораз.

Само една минута игра беше потребно за домашниот тим преку Изаир Емини да дојде до водство од 1:0. Во 30. минута од мечот младиот Фитон Адеми погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Бехар Фета ја стресе мрежата на Хадис Велии за 2:1 и нова предност за домашниот тим.

Само три миунти подоцна, голманот Велии беше исклучен од игра со што гостинскиот тим остана со играч помалку на теренот, а веќе во 81. минута и Мухарем Мислими беше исклучен од игра со што Беса до крајот играше со два играчи помалку на терен.

Дербито во Виница заврши без победник откако Слога и Каменица Саса го поделија „пленот“ играјќи 1:1 со што „рударите“ се израдуваа на првиот бод во новата сезона.

Во мечот со осум жолти картони, резултатот беше отворен во 33. минута за водство на гостите од Македонска Каменица, а стрелец на погодокот беше искусниот Бошко Ступиќ. Резултатот на полувреме беше во полза на гостите (0:1).

Во вториот дел Слога се обидуваше брзо да се врати резултатски, а успеа со голто на Бурим Алиев во 75. минута, кој погоди за 1:1. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и резултатот стана конечен.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

„Пленот“ беше поделен и во Струмица каде Беласица и Локомотива Пехчево одиграа 1:1. Струмичката гордост се спаси од пораз, во меч каде гостите преку Рејјан Абази во 53. минута први дојдоа до водство.

Девет минути подоцна Александар Милушев стрелаше за конечни 1:1. Во 65. минута Кристијан Јордановски заработи директен црвен картон поради неспортско однесување, спречување на погледна шанса за гол – последен играч, со што Беласица остана без играч помалку до крајот на мечот, а ваквиот момент не го искористија гостите.

Тетекс дојде до втор сезонски триумф откако со 2:1 славеше над Караорман во меч одигран во Тетово.

Ресторан во Дојран познат по специјалитетот- риба на трска и фантастичниот поглед на Дојранското Езеро

На овој меч судијата Марјан Дејаноски подели десет жолти картони. Резултатот први го отворија домаќините преку Давид Манџуковски во 32. минута за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Никола Секулоски го изедначи резултатот на 1:1 со гол во 58. минута.

Домашниот тим преку Флорент Османи во 69. минута го врати водството и триумфираше со конечни 2:1.

Вардар до врв ја наполни мрежата на Борец, откако на домашен терен славеше со високи и убедливи 6:0.

Сосема очекуван триумф за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој запиша важни три бодови по ремито во Радовиш. Двоен стрелец за „вардаци“ беше Дарио Десниќ, а по еден гол постигнаа Симеон Христов, Владимир Жоглев, Никола Величковски и Кире Маркоски.

Борец имаше сили да пружи отпор само во првиот дел кога резултатот беше 2:0, а во вториот дел гостите од Велес се распаднаа и немаа сили да го запрат налетот на домашниот тим, кој постигна нови четири погодоци.

Детонит Плачковица се „сопна“ во Гевгелија и го запиша првиот сезонски пораз, откако со 2:0 загуби од засилениот Кожуф.

Натпреварот беше решен во вториот дел од мечот со погодоците на Никола Костадинов и Ангел Кочев, кој го обезбедија првиот сезонски триумф за Кожуф, за голема радост на домашните навивачи.

Арсими го забележа вториот сезонски триумф, откако со минимални 1:0 славеше над Охрид Лихнидос. На теренот во Чегране стрелец на единствениот погодок беше Мухамед Бекир постигнат во 71. минута од мечот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!