ОстанатоФудбалФудбал - Останато

ФОТО: Успешно заврши најголемиот голмански камп на Балканот – „РБ Охрид 2021“

Најголемиот и најдобро организираниот голмански камп на Балканот – „РБ Охрид 2021“ заврши успешно. Пет дена професионални двојни тренинг сесии покрај езерото, беа големо искуство за сите учесници на кампот од Македонија, Србија и Црна Гора.

На кампот учество зедоа 23 голмани од трите држави, а за првпат, на огромно задоволство, на кампот имаше и девојче.

Голманскиот камп „РБ Охрид 2021“ годинава беше поддржан и од спортскиот портал Спортска Мрежа, за што добивме и Признание за несебичен ангажман во организацијата на најголемиот и најорганизираниот „РБ голмански камп“ на Балканот.

Традиционално како и во претходните години, интересот за учество на голманскиот камп беше огромен, а учесниците дома заминуваат полни со искуство, совети и убави спомени од прекрасниот Охрид.

Како спортски портал се надеваме дека традицијата на „голманскиот камп РБ“ ќе продолжи и следната година, бидејќи е едно големо искуство за секој што бил дел од истиот.

Кампот се одржа од 26 јуни од 1 јули, а тренинг сесиите беа реализирани на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид.

Се гледаме следната сезона повторно во Охрид!

Погледнете како беше на кампот сите пет дена:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!