ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Убедливи победи за Лирија, Преспа и Кораб, триумф и за Новаци

Денес започна новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, со натпреварите од 1. коло.

Стартот од новата сезона донесе многу погодоци на сите натпревари. Најубедлива победа однесе Преспа, која со 8:0 славеше над новиот третолигаш Велмеј. Хет-трик на Градскиот стадион во Ресен постигна голгетерот Нико Пластиновски, додека пак двојни стрелци беа Никола Јовановски и Христијан Каралиоски, додека пак стрелец на еден гол беше Христијан Петрески.

Во Грнчари паднаа осум погодоци, а на овој меч Лирија со 7:1 беше далеку подобар противник од Иднина Боровец.

Благоја Наумоски постигна хет-трик, двоен стрелец беше Фатон Таировски, еден гол постигна Неџми Реџепи, а пак Ќамил Кариманоски си постигна автогол. За гостите стрелец на единствениот погодок постигнат во 78. минута од мечот беше Мухаммед Исмајлоски.

Новаци тргна победнички во новата сезона, откако на гостински терен со 2:3 славеше над Демир Хисар. Резултатот го отвори голгетерот Стефан Каревски во 20. минута, а по две минути игра Јоцо Ѓорговски израмни на 1:1.

Во вториот дел Дамјан Милошовски постигна гол за ново водство на домаќинот од 2:1. Во 64. минута Новаци преку Александар Неданоски израмни по втор пат, а во 75. минута Антонио Стојковски постигна гол вреден три бода за конечни 2:3.

Кораб и Јанг Тим одиграа луд натпревар со седум погодоци во Дебар, но целиот „плен“ остана дома, откако Кораб со 4:3 триумфираше.

Трим Амбари и Бљерон Муча погодија за водство од 2:0 за Кораб, додека пак во финишот на првиот дел Ермир Нура постигна гол за 2:1 на полувреме.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

Во вториот дел Јанг Тим направи комплетен пресврт и поведе со 2:3 со двата погодоци на Бетим Баута постигнати во 53. и 73. минута. По четири минути игра Фатјон Леши погоди за 3:3, а во 85. минута со втор гол Фатјон ги постави конечни 4:3 за голем триумф на Кораб.

Влазними и Кравари одиграа „нула“ (0:0) и го поделија „пленот“.

Сатеска со триумф ја отвори новата сезона, откако на домашниот терен во Волино со двата погодоци на Даниел Цветаноски постигнати во 8. и 11. минута триумфираше над Македонија од Враништа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!