ФОТО: Црно Буки на поправен против Победа, Караорман гостува кај Влазними, Демир Хисар ја чека Сатеска

Во недела ќе биде затворена есенската полусезона од Третата фудбалска лига – Југозапад со мечевите од 13. коло.
Црно Буки влезе во резултатска криза, а од истата излез ќе бара на домашен терен против Победа од Ивањевци. Домашната екипа ќе биде фаворит за трите бодови, а доколку истата биде оправдата конечно ќе има радост кај Црно Буки кој има осум бодови негатива во однос на непоразениот лидер Караорман од Струга.
Македонија Враништа против Лирија ќе бара враќање на победничките патеки, откако во претходното коло загуби со убедливи 6:1 од Караорман покрај езерото. Лирија во Враништа доаѓа силно мотивирана после големото реми против Црно Буки.
Влазними на домашен терен ќе се обиде да го запре непоразениот лидер Караорман. Според формаа и квалитетот гостите од Струга ќе важат за фаворити, а за домашната екипа се освен пораз ќе биде позитивен исход од тешкиот дуел.

Демир Хисар со дуелот на домашен терен против Сатеска од Волино ќе ја затвори есенската полусезона во која постигна солидни резултати како повратник во третолигашкото друштво на Југозападот.

Преспа како фаворит на домашен терен ќе ја преческа последнопласираната Стрела Спорт од Могила. Ресенчани на себе ќе ја имаат фаворитската улога, доколку истата биде оправдата тогаш Преспа есенската полусезона ќе ја затвори со триумф на домашен терен и ќе има можност да го поправи лошиот резултатски впечаток од почетокот на сезоната.
Октиси излез од резултатската криза ќе бара против фаворитот Новаци на домашен терен. Трите бодови се императив и за двете екипи. Октиси ќе се обиде во последниот меч од есенската полусезона да се поправи и да заврши надвор од опасната зона за испаѓање, додека пак Новаци со триумф би имал полесна пролет во обид од сенка да го изненади лидерот Караорман кој важи за главен конкурент за Втора лига.
Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.
ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022
Поз | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() | 12 | 11 | 1 | 0 | 45 | 10 | +35 | 34 |
2 | ![]() | 12 | 8 | 2 | 2 | 39 | 18 | +21 | 26 |
3 | ![]() | 12 | 7 | 1 | 4 | 26 | 24 | +2 | 22 |
4 | ![]() | 12 | 5 | 6 | 1 | 29 | 14 | +15 | 21 |
5 | ![]() | 12 | 6 | 3 | 3 | 28 | 20 | +8 | 21 |
6 | ![]() | 12 | 5 | 4 | 3 | 31 | 21 | +10 | 19 |
7 | ![]() | 12 | 4 | 4 | 4 | 31 | 29 | +2 | 16 |
8 | ![]() | 12 | 5 | 0 | 7 | 26 | 26 | 0 | 15 |
9 | ![]() | 12 | 3 | 3 | 6 | 15 | 29 | -14 | 12 |
10 | ![]() | 12 | 3 | 2 | 7 | 22 | 25 | -3 | 11 |
11 | ![]() | 12 | 2 | 4 | 6 | 21 | 34 | -13 | 10 |
12 | ![]() | 12 | 2 | 0 | 10 | 13 | 52 | -39 | 6 |
13 | ![]() | 12 | 1 | 2 | 9 | 10 | 34 | -24 | 5 |