ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Црно Буки ги започна подготовките со нов тренер и неколку засилувања

Третолигашот Црно Буки официјално ги започна подготовките за новата сезона од Третата лига – Југозапад. Клубот во новата сезона ќе биде предводен од новиот тренер Васко Стојчевски.

На прозивката се јавија првите засилувања од младинската школа на Пелистер Виктор Ѓелевски и Трајче Неделковски. Клубот преговара со уште неколку играчи кои треба да ја засилат екипата дополнително.

Третолигашот закажа и неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона.

Првиот контролен натпревар ќе биде одигран на 25 јули – Меморијател натпревар во спомен на Трајан Кочишки –Куља против Тетекс, потоа следува тест против Охрид закажан за 4 јули, додека на 8 август е предвиден тест со новиот второлигаш Братство од Житоше.

Црно Буки минатата сезона заврши на четвртото место во ТМФЛ – Југозапад со 34 освоени бодови. Целта во новата сезона за Црно Буки ќе биде висок пласман на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!