ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Целосниот распоред за Третата лига – Југозапад

Конечно започнува третолигашкиот фудбал во Македонија, но само еден регион – Југозапад. Вчера беше извршена нова ждрепка, по што има и нов распоред за старт на новата сезона кој е закажан за 3 октомври.

Од вкупно 16 екипи како што првично беа пријавени, до вчера само 13 екипи го потврдија учеството, па официјално во новата сезона од Третата лига – Југозапад ќе се натпреваруваат само 13 екипи, три екипи се откажаа од учество.

Во првото коло Новаци ќе биде слободен, Стрела ќе биде домаќин на Октиси, Белица на Преспа, додека пак Караорман на свој терен ќе го пречека новиот член на ТМФЛ – Југозапад, екипата на Демир Хисар. Лирија ќе ги одмери силите со Влазними, Победа во Ивањевци ќе ја пречека Македонија од Враништа, додека пак Кравари ќе игра дерби со Црно Буки на домашен терен.

ЦЕЛОСНИОТ РАСПОРЕД ЗА НОВАТА СЕЗОНА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

Во новата сезона ќе ја нема екипа на Ложани која требаше да биде повратник во третолигашкото друштво, a која не го потврди своето учество, а нема да учествуваат ниту Сатеска и Дебарца.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!