ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Целосниот распоред за новата сезона од Втората лига – Исток и Запад

Во текот на вчерашниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона од Втората лига – Исток и Запад.

Првото коло од Втората лига – Исток веќе ни носи и големо дерби меѓу Победа и Кит Го на Градскиот стадион во Прилеп меѓу фаворитите кој ќе се борат за Прва лига. Можеби најголемиот кандидат за враќање во Првата лига, екипата на Беласица ќе стартува со гостување во Радовиш против повратникот Детонит. Слога во Виница ќе ја пречека новајлијата Братство, Осогово игра дерби дуел против Каменица Саса, втората новајлија Локомотива на домашниот терен во Градско ќе ги одмери силите со Кожуф од Гевгелија.

Целосниот распоред од Втората лига – Исток:

Втората лига – Запад која ќе биде далеку поквалитетна и поконкурентна од Исток ќе донесе возбудливи натпревари во секое поло. Најтрофениот македонски клуб Вардар влегува со единствена цел – експресно враќање во елитата, а патот кон Прва лига ќе го стартува од Дебар против Кораби. Силекс кој исто така новата сезона ја стартува како второлигаш ќе ја започне сезоната со гостување кај Кадино. Охрид на домашен терен ќе игра со новајлијата Беса од Добри Дол, Тетекс во Тетово ќе биде домаќин на Велешта, додека пак Гостивар ќе игра против втората новајлија Воска Спорт од Охрид.

Целосниот распоред од Втората лига – Запад:

Новата сезона од Втората лига – Исток и Запад стартува веќе в среда (25. август) со почеток од 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!