ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Триумф за Победа над интернационалците од академија на Нигерија

Фудбалерите на Победа попладнево во Дојран, на теренот на Дојранско езеро, го одиграа третиот контролен натпревар во подготвителниот период. На денешниот меч против академијата на интернационалци од академијата на Нигерија тренерот Капинковски им даде шанса на сите фудбалери, а конечниот резултат е триумф од 2-1 (2-0).

>>> ТУРИСТИЧКА ОГЛАСНА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

По првите 45 минути „црвено-белите“ имаа водство од 2-0 со головите на Оливер Христов и Филип Димоски, со две погодени стативи и еден неискористен зицер, но и далеку полошо издание на играчите кои настапија во вторите 45 минути.

На денешниот меч првите минути во тимот во подготвителниот период ги имаа и голманот Дарко Тофилоски и Јорданчо Наумоски.

Последниот меч за време на подготовките во Дојран Победа ќе го има во среда со Беласица, по што експедицијата се враќа во Прилеп каде ќе ги финишира подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток во која императив е првото место и пласманот во Првата лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!