ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Третолигашот Вардар Неготино означи старт на подготовките

Денес новата управа на третолигашот Вардар од Неготино одржа прв официјален состанок со играчите, со што и официјално беше означен старт на подготовките за новата сезона.

Вардар Неготино има за цел враќање во Втората фудбалска лига, но продолжува неизвесноста околу стартот на сезоната во Третата лига – Југ.

Како што е познато само Трета лига – Југозапад и Запад ја одиграа есенската полусезона, додека пак во Исток и Југ се очекува сезоната да биде комплетирана до крајот на месец мај, а пак Север продолжува со “зимскиот сон” и неизвесноста околу тековната сезона.

Колку за потсетување како што ексклузивно информираше Спортска Мрежа, нов претседател на Вардар од Неготино е поранешниот фудбалски репрезентативец Сашко Крстев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!