ФОТО: Третолигашот Големо Коњари промовираше две квалитетни засилувања – целта е Втора лига

Третолигашот Големо Коњари промовираше две млади квалитетни засилувања со кои клубот ќе атакува на прво место во новата сезона во Третата лига – Југ и со тоа преку баражот да се обиде да избори пласман во Втората македонска фудбалска лига.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<
Роберт Димитриески и Петар Петроски се првите зимски засилувања за Големо Коњари.
22-годишниот Димитриевски е лев дефанзивец и доаѓа од второлигашот Локомотива од Градско, а претходно има настапува и за прилепска Победа. Петроски е 22-годишен централец дефанзвец кој доаѓа исто така од второлигашот Локомотива од Градско, а во својата кариера има настапувано и за прилепска Победа и за Вардар од Неготино.
Големо Коњари веќе го одигра и првиот контролен натпревар против младинците на Победа кој го загуби со резултат од 3:1.
Конкуренцијата за првата позиција на табелата и со тоа бараж за пласман во Втора лига ќе биде голема. Покрај Големо Коњари, големи амбиции најавуваат Росоман и Вардар Неготино.

На 13 февруари ќе бидат познати сите екипи кои ќе се натпреваруваат во Трета лига – Југ, оние екипи кои нема да пријават учествство ќе бидат исфрлени во Општинска лига. Сезоната ќе започне на 20. февруари.