ОстанатоФудбалФудбал - Останато

ФОТО: Традицијата продолжува – најголемиот РБ голмански камп „Охрид 2021“

Традицијата продолжи и оваа година, најголемиот „РБ“ голмански камп на Балканот „Охрид 2021“ кој се оддржува од 26 јуни до 1 јули.

Голманската приказна започна со прошетка низ прекрасниот Охрид, а традиционалниот голмански камп „РБ“ собра 23 голмани од Македонија, Црна Гора и Србија. За прв пат на кампот, на огромно задоволство има и девојче.

Два тренинг дневно на Спортскиот комплекс СЦ „Билјанини извори“ се вистинско задоволство, кога имате вакви голмани.

Интересот за „РБ“ кампот како и секоја година, така и оваа беше голем. Дефинитивно најдобро организираниот камп за голмани на Балканот, каде покрај професионалните тренинзи за сите учесници предвидени се и разни забавни активности за опуштање после тренинг сесиите.

Двојни тренинг сесии секој ден, прошетка низ убавиот Охрид и Свети Наум, разладување во убавата и бистра вода во езерото, убава дружба на сите учесници на кампот е само дел од сите активности кои ги имаат учесниците.

Спортска Мрежа силно го поддржува голманскиот камп „РБ Охрид 2021“ со надеж дека истиот ќе продолжи да се организира и во следните години во Охрид – градот на УНЕСКО. Затоа, следната година не пропуштајте, пријавете се на најдобриот голмански камп на Балканот.

Каква е атмосферата од претходните денови погледнете во продолжение:

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!