ФОТО: Традицијата е на страната на Брегалница, ама Тиквеш сака „одмазда“!

Денес во Кавадарци ќе биде отворено последното коло од есенската полусезона во Првата лига со дербито меѓу Тиквеш и Брегалница.
Традицијата е на страната на Брегалница, но Тиквеш сака „одмазда“ за поразот во Штип и со тоа да има полесна пролет во битката за сигурен опстанок во фудбалската елита.
Влатко Костов откако седна на тренерското столче на кавадаречкиот прволигаш го прероди клубот и го врати во игра за сигурен опстанок во елитата, а токму против Брегалница го имаше своето деби, само тогаш мораше од трибини да командува со својата нова екипа.

Дуелот одигран на 19 септември годинава во Штип заврши со триумф за Брегалница, а точно пред две години на 19 септември 2019 година Тиквеш последен пат ја има победено Брегалница тогаш во Втора лига.
Меѓусебни натпревари на Брегалница и Тиквеш:
19.09.2021 Брегалница 2:0 Тиквеш – Прва лига
15.05.2021 Брегалница 5:0 Тиквеш – Втора лига
28.11.2020 Брегалница 1:1 Тиквеш – Втора лига
26.09.2020 Тиквеш 1:1 Брегалница – Втора лига
30.11.2019 Тиквеш 0:2 Брегалница – Втора лига
19.09.2019 Брегалница 0:1 Тиквеш – Втора лига
04.05.2019 Брегалница 0:0 Тиквеш – Втора лига
24.11.2018 Брегалница 1:1 Тиквеш – Втора лига
22.09.2018 Тиквеш 1:0 Брегалница – Втора лига
25.04.2018 Брегалница 5:0 Тиквеш – Втора лига
06.03.2018 Брегалница 1:0 Тиквеш – Втора лига
01.10.2017 Тиквеш 2:3 Брегалница – Втора лига
Брегалница во претходното коло го забележа првиот пораз на домашен терен од Работнички (1:2), а претходно одигра 0:0 во Струмица против Академија Пандев. На последните пет натпревари скорот е два порази, реми и две победи.
Тиквеш има нешто подобра форма од Брегалница, на последните пет наптревари има две победи, еден пораз и две ремија, а мотивот за „одмазда“ е голем. Трите бодови се многу важни за Тиквеш кој доколку ги освои ќе има многу полесна пролет во битката за сигурен опстанок.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, а ќе започне во 13:00 часот, делител на правдата ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Филип Ицковски, исто така од Скопје. За четврт судија е делегиран Марјан Младеновски од Скопје.