Европски ФудбалФудбал

(ФОТО) Тим на сезоната во ЛШ: Го нема Роналдо, дури седум играчи на Челзи!

Челзи е новиот владетел на Европа, откако во финалето го совлада Манчестер Сити со минимални 1:0. Очекувано, по завршувањето на сезоната во ЛШ, УЕФА го објави и тимот на годината.

Челзи има дури седум играчи, а од Манчестер Сити има шестмина. Реал Мадрид во тимот на сезоната има три играчи, а по два имаат Баерн Минхен и ПСЖ.

Идеален тим на сезоната во Лигата на шампиони:

  • Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едерсон (Манчестер Сити), Едуард Менди (Челзи);
  • Дефанзивци: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер Сити), Маркињос (ПСЖ), Антонио Рудигер, Бен Чилвел (Челзи), Давид Алаба (Баерн Минхен);
  • Среден ред: Жоржињо, Мејсон Маунт, Нголо Канте (Челзи); Кевин Де Брујне, Илкај Гундоган, Фил Фоден (Манчестер Сити), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Сергио Оливеира (Порто);
  • Напаѓачи: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Килијан Мбапе, Нејмар (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Лионел Меси (Барселона).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!