ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ФОТО: Тиквеш загуби на првата контролка со Партизан во Анталија

Фудбалерите на Тиквеш ја загубија првата контролка во рамки на подготовките во Анталија, откако со 2:1 беа поразени од Партизан од Белград.

Тиквеш прв дојде до водство со погодкот на Ивановски, а потоа Партизан успеа да го сврте резултатот преку Рикардо и Јојиќ.

Следната контролка за Тиквеш ќе биде против Узбекистан Национален Тим која е закажана за 27. јануари, а кавадарчани ќе се обидат да закажат уште една до две контролки пред враќањето во Македонија.

Фудбалерите на Тиквеш во Анталија ќе останат 10 дена.