ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Тиквеш промовираше три нови засилувања

Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш денес промовираше три нови засилувања. Во Кавадарци денес беа претставени Мирза Идризовиќ, Никола Костадинов и Ристе Каракамишев.

Каракамишев ќе ја пополни испразнетата стоперска позиција, а во Тиквеш доаѓа од редовите на кратовски Силекс. Костадинов во Тиквеш доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф од Гевгелија и ќе биде освежување во средниот ред, додека пак Идризовиќ е интернационално засилување за кавадарчани и доаѓа од редовите на Тутин од Србија, а тој треба да ја пополни бековската позиција.

Тиквеш во првото коло тргна одлично, откако во Прилеп против шампионот Шкендија одигра 0:0, а имаше и неколку одлични шанси и можеше во Кавадарци да се врати со три бодови. Во следното коло кавадаречкиот прволигаш ќе гостува кај Борец во Велес, во рамки на 2. коло.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!