ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Тиквеш не може против традицијата: Брегалница преку пресврт го освои Кавадарци

Тиквеш со пораз ја затвори есенската полусезона во Првата лига, откако на домашен терен во Кавадарци преку пресврт беше поразен од Брегалница со 1:3.

Кавадарчани не можат против традицијата, а денес беа испуштени многу важни бодови во битката за сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија.

Резултатот го отвори Ристе Каракамишев во 16. минута од мечот со што Тиквеш дојде прв до водство кое траеше и на полувремето.

Во вториот дел капитенот Јован Манев се врати на теренот со гол против Тиквеш и донесе израмнување на резултатот во 56. минута. Штипјани брзо успеаја да го свртат резултатот во нивна полза, откако Милан Џокиќ ја стресе мрежата на Димовски и предизвика шок за домашните навивачи.

Во самиот финиш од мечот Димовски по трет пат капитуралише, откако Алтипармаковски ги постави конечните 1:3.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!