ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Тиквеш ја има најдобрата форма на последните 5 натпревари, „пандевци“ на дното!

На последните пет натпревари Тиквеш ја бележи најдобрата форма. Кавадарчани предводени од Мојсов играат одличен фудбал, а тоа се потврдува и со формата од последните натпревари во Првата македонска фудбалска лига.

Тиквеш има скор од четири победи и еден пораз со вкупно 12 освоени бодови на последните пет натпревари. Исто така, Тиквеш го има и најефикасниот напад на последните пет средби постигнувајќи 11 погодоци.

Од друга страна, на последните пет натпревари, Академија Пандев го има најлошиот скор само еден освоен бод, од последната средба со Победа (1:1) во Прилеп.

Ништо посјајни не се ниту Скопје и Брегалница, кои од можни 15 бодови од последните пет средби имаат само по 2 освоени бодови и се наоѓаат на дното од табелата. Скопје нема постигнато ниту еден гол на последните пет средби, а има примено дури седум погодоци. Од друга страна, Брегалница има скор од 3 постигнати и седум примени погодоци, со само два освоени бодови.

  • ТАБЕЛА СО ФОРМАТА ОД ПОСЛЕДНИТЕ 5 НАТПРЕВАРИ НА ЕКИПИТЕ ВО ПМФЛ:

Што се однесува до табелата по 11 одиграни кола во ПМФЛ, битката за опстанок дополнително се разгорува, како што е разгорена и борбата за „виза“ која обезбедува излез во Европа.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПМФЛ:
Пласман обезедио Sofascore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!