ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Тиквеш ги започна подготовките, Иван Ивановски е ново засилување

Тренерот на Тиквеш, Пане Блажевски денес ја имаше првата прозивка со што и официјално започнаа подготовките на кавадаречкиот прволигаш за новата натпреварувачка сезона.

На Градскиот стадион во Кавадарци во 17:00 часот за првпат се собра екипата, а овде ќе бидат одиграни и два пријателски натпревари, по што екипата ќе се сели во Охрид, каде покрај езерото ќе бидат одработени главните подготовки и ќе бидат одиграни уште четири контролни натпревари пред стартот на новата сезона во Првата лига кој треба да се случи на 8 август.

Официјално Тиквеш за новата сезона се засили со Иван Ивановски кој доаѓа од редовите на Силекс. Во наредните денови ќе се официјализираат уште неколку засилувања кои би требало да се приклучат на тимот.

Екипата на Тиквеш се раздели со неколку играчи и тоа со браќата Костовски, Љамчевски Петар и Здравевски Бобан. Исто така новитет во стручниот штаб е Ѓорѓи Мојсов кои стави крај на неговата богата фудбалска кариера и со неговото искуство ќе му помогне на шефот на стручниот штаб.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!