ФОТО: Тиквеш ги започна подготовки за новата сезона

Прволигашот Тиквеш денес означи старт на подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако кавадарчани во баражот против Воска Спорт (4:1) обезбедија опстанок.
На првата прозивка шефот на стручниот штаб Влатко Костов се обрати до сите фудбалери кои ги продолжија договорите за следната сезона, а се заблагодари на Благоја Љамчевски, Методија Делов и Ристе Каракамишев кои кариерите ги продолжуваат во нови клубови.

Првата фаза од подготовките ќе биде одработена во Кавадарци, а потоа Тиквеш ќе замина на подготовки каде ќе бидат одиграни и пријателски натпревари. Раководството моментално работи на неколку засилувања, а во следните денови ќе бидат познати противниците за пријателските натпревари, како и местото каде ќе се подготвува Тиквеш во рамки на главната фаза од летните подготовки.