ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Тиквеш до бод против шампионот Шкендија, „лавовите“ и Работнички тргнаа со победи

Денес со пет натпревари во 17:30 часот беше отворена новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, а првото коло помина без многу погодоци. Македонија Ѓорче Петров и Работнички со победи тргнаа во новата сезона.

Брегалница – Шкупи

Повратниците во ПМФЛ одиграа одлично и останаа непоразени. Брегалница на Градскиот стадион во Штип одиграно 0:0 против вицешампионот Шкупи, со идентичен резултат беше и Тиквеш кој по цели 17 години се врати во прволигашкото друштво, а на Градскиот стадион во Прилеп како домаќин одигра 0:0 против актулениот шампион Шкендија.

Ренова – Скопје

Само на еден натпревар паднаа два гола. Ренова прва стигна до водство против повратникот Скопје, откако Селмани во 73. минута ја стресе мрежата на противникот за водство од 1:0. Меѓутоа, радоста на „гипсарите“ траеше само 5 минути, откако Кировски постигна гол за конечни 1:1.

Македонија ЃП – Пелистер

Македонија Ѓорче Петров на домашен терен забележа минимална победа од 1:0 над битолски Пелистер, а стрелец на единствениот гол беше Воша кој погоди во 22. минута од натпреварот. Со ист резултат триумф запиша и Работнички кој на домашен терен минимално беше подобар од велешки Борец, а единствен стрелец беше Ристевски.

Работнички – Борец

Колото ќе биде затворено вечерва со дуелот меѓу Академија Пандев и Струга Трим Лум, натпревар кој се игра на „Благој Истатов“ во Струмица под рефлектори во вечерен термин од 20:00 часот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!