ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Тетекс промовираше пет нови засилувања, закажан и стартот на летните подготовки

Второлигашот Тетекс денес промовираше пет нови засилувања за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, која ќе биде единствена со 16 екипи.

Во Тетово доаѓаат Димитар Иванов и Флорент Османи од екипата на Беса од Добри Дол, репрезентативецот до 19 години Антонио Мирков, кој пристига од Каменица Саса, како и Давид Манџуковски и Стојан Попоски, а овие двајца млади фудбалери доаѓаат од редовите на Кадино, кој отпадна во Трета лига – Север.

Како што велат од клубот, продолжена е соработката со Борис Јаќимовски, Мухарем Мислими, Агон Елмази и Стефан Стефановски, додека пак младите фудбалер Арлинд Алији, Даниел НИколовски, Мерван Имери и Бесмир Камбери ќе бидат дел од првиот тим на Тетекс.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро – кликни и резервирај

Стартот на летните подготовки е закажан за 6. јули, а главната фаза од подготовките Тетекс ќе ја одработи во Струга, а екипата покрај езерото ќе се „пресели“ на 22. јули. Договорени се и шест пријателски натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!