Турнири

ФОТО: Теренот е подготвен за меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во Чардаклија, Штип

Теренот за меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, кој се игра во Чардаклија, Штип е подготвен.

Се прават последни финални подготовки за турнирот, за кој пријавувањето трае уште два дена, односно до 12. јули.

Голем интерес за 22-то издание на Меморијалниот турнир, каде годинава ќе има високи парични награди, а ќе играат екипи од цела држава.

Турнирот е во чест на Влатко Петров, кој херојски загина во 2001 година, традиционално 22 година по ред во организација на „Здружение на граѓани Влатко Петров – Штип“ и УЗ Чардаклија ќе се организира Меморијален турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“.

Пријавувањето на екипи ќе трае до 12. јули 2022 година, а котизацијата по екипа за учество изнесува 3.000 денари.

  • Контакт за пријавување на екипи:

Горан 078 / 206 – 173
Даниел 078 / 355 – 978
Васе 076 / 444 – 038

Натпреварите ќе се одигруваат на спортскиот терен во Чардаклија, родното место на Влатко, во подобрени услови за игра!

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

  • Високи парични награди за првите четири екипи:

I место 100 000 денари
II место 50 000 денари
III место 25 000 денари
IV место 5000 денари

Дополнително пехари, дресови и останати индивидуални награди.

Натпреварите ќе се играат во формат 4+1 во вечерни термини почнувајќи од 19:00 часот со првиот меч. Додека пак финалето кое е закажано за 2. август ќе се игра во раните утрински часови. Во 08:30 часот ќе започне натпреварот за третото место, додека пак од 09:20 часот ќе започне големото финале.

Главен покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во Чардаклија, Штип е „Superior Dispatch Service“, Рекламно студио „Нина Ком“ и Општина Штип.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!