ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Струга го „среди“ и Силекс, Академија Пандев и Шкендија убедливи, реми во Ѓорче, прв бод за Победа

Струга Трим Љум останува максимална на табелата по пет одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, откако денес се одигра вонредно коло.

Стружани со 2:1 триумфираа и над Силекс и остануваат на врвот од табелата со максимални 15 бодови. Резултатот го отвори голгетерот Бесарт Ибраими во 32. минута од мечот, додека пак во 71. минута Силекс преку Марјан Ристовски израмни на 1:1. Во 83. минута Буњамин Шабани ја погоди противничката мрежа за конечни 2:1 и голема радост на домашните навивачи.

Академија Пандев убедливо го збриша Скопје, откако на домашен терен во Струмица со 3:0 славеше над „пиратите“ од Автокоманда.

Резултатот го отвори Димитар Митровски во 12. минута, но сепак натпреварот беше решен во финишот од мечот. Во 79. минута Мите Цикарски ја дуплираше предноста, додека пак Димитар Трајков во 87. минута погоди за конечни 3:0.

Тиквеш немаше сили за расположена Шкендија, која дома си оди во нови три бодови. Едиз Спахиу во 19. минута погоди за 1:0 за Тиквеш, но по пет минути игра Ферхан Хасани стрелаше за 1:1. Во финишот на првиот дел Бруно Дита погоди за комплетен пресврт за тетовци.

На стартот од вториот дел победникот беше решен, откако Љупчо Дориев погоди во 58. минута од мечот за конечни 1:3.

Скопската пресметка во Ѓорче заврши без победник, Македонија Ѓорче Петров и Работнички ремизираа играјќи 1:1. „Романтичарите“ први дојдоа до водство со гол на Крсте Велкоски во 48. минута, додека пка Фахрудин Ѓурѓевиќ погоди за 1:1 во 63. минута.

АкадемШкупи – Победа

Победа се израдува на својот прв бод во новата сезона, откако прилепчани на Чаир дојдоа до реми против актуелниот шампион Шкупи играјќи 1:1.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА – 074 241 247

Цепхас Реналдо Шоуајне во 81. минута од мечот го донесе Шкупи во водство од 1:0, но само три минути подоцна Иван Галевски постигна погодок вреден бод.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!