ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Струга гази во новата сезона од ПМФЛ, Работнички и Победа големо разочарување

Струга Трим Љум гази во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако има три од три и со максимални 9 бодови е на врвот од табелата. Стружани со Бесарт Ибраими се наметнуваат како фаворити за освојување на титулата во домашното првенство, а тоа се рефлектира уште од самиот старт на новата сезона каде имаат гол разлика од 6 постигнати и еден примен погодок.

Струга одлично ја отвори сезоната откако покрај езерото со убедливи 3:0 ја декласираше Победа, Штип го освои со минимален триумф од 0:1 над Брегалица, а пак вчера со 2:1 славеше над последнопласираниот Работнички.

Победа и Работнички имаат катастрофален старт и претставуваат големо разочарување во новата сезона.

„Романтичарите“ се на дното од табелата со три последователни порази и без ниту еден освоен бод. Сезоната ја отворија со пораз од Силекс (2:0) во Кратово, а во второто коло се случи вистински потоп, откако на домашен терен Работнички беше прегазен со високи 0:5 од Академија Пандев. Вчера, беше запишан нов пораз од Струга (2:1).

Ниту Победа не е нешто поарна. Минатата сезона беше шампион во Втора лига – Исток и обезбеди директен влез во елитата, но тука воошто не се снаоѓа и запиша три последователни порази. Прилепчани без бодови поради подобрата гол разлика се на претпоследното место на табелата.

Сезоната ја отворија во Струга каде беа поразени со убедливи 0:3, на домашен терен пред својата публика запишаа пораз од минимални 0:1 од кавадаречки Тиквеш, додека пак во саботата им се случи „цунами“ откако „лавовите“ во Ѓорче ги декласираа прилепчани со високи 4:1.

Иста судбина на стартот од новата сезона има и Скопје. „Пиратите“ имаат одиграно два натпревари, бидејќи во второто коло беа слободни и запишаа два високи порази – од Шкендија (2:0) и од Силекс во Кратово (3:1).

Повратникот во елитата Силекс игра одлична сезона и на стартот има две победи и едно реми, со 7 освоени бодови е на второто место на табелата.

Шампионот Шкупи е со само еден одигран натпревар и истиот го доби со 2:1 против Македонија Ѓорче Петров.

  • Целата табела од Првата македонска фудбалска лига по три одиграни кола:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!