ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Стартува новата сезона од Трета лига – Југозапад, два нови третолигаши, одреден распоредот

Во недела (29 август) ќе стартува новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад. Дефиниран и распоредот за новата сезона, а со тоа ги имаме и паровите за првото коло.

Во новата сезона ќе има два нови клубови, тоа се екипите на Ложани и Демир Хисар, а во новата сезона нема да ја гледаме екипата на Фламуртари која лани беше дисквалификувана, како и Воска Спорт која обезбеди второлигашки статус.

Прво коло:

Ложани – Црно Буки
Лирија – Дебарца
Октиси – Влазними
Сатеска – Македонија Враништа
Кравари – Победа
Демир Хисар – Новаци
Караорман – Преспа
Стрела Спорт – Белица

Како во претходната така и во новата сезона, Спортска Мрежа како единствен спортски портал во државата ќе продолжи да известува за Третата македонска фудбалска лига, со фотографии и видеа, со извештаи од сите натпревари, со статистики и анализи, со цел Третата лига да добие многу поголем медиумски простор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!