ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Спартмани слави голема победа над Осогово, Тиверија го освои Берово, Карбици го доби локалното дерби

Четвртото коло од Трета лига – Исток донесе многу возбуда, интересни и неизвесни натпревари со изненадувачки резултати.

Осогово кој важи фаворит за Втора лига „падна“ во Градско Балдовци, каде загуби со минимални 1:0 од засилениот Спартмани. Единствен стрелец на погодокот вреде три големи бодови беше Ване Кршков, кој стрелаше во 40. минута од мечот.

Тиверија одигра одличен меч и го освои Берово каде со 1:2 славеше над Малеш. Струмичани стигнаа до водство од 0:2 со погодоците на Никола Тасев и Ване Новков, а пред крајот на првиот дел Илија Шонтевски го намали водството на Тиверија на 1:2 на полувреме.

Во вториот дел немаше промени на резултат, мрежите мируваа, па резултат од 45 минута стана конечен (1:2).

Во Дојран „пукна петарда“, Дојранско Езеро го „збриша“ Вардарски од Богданци со убедливи 5:0. Домаќинот одигра одличен меч и покажа моќ во меч каде повратникот во третолигашкото друштво на Истокот немаше сили за изненадување.

Двоен стрелец беше Кристијан Колевски, а по еден гол постигнаа Доне Аргиров, Глигор Јанкулов и Петар Илиев.

Карбинци го доби локалното дерби со Академија Чешиново-Облешево на гостински терен со високи 1:4 и лесно прокнижи три бодови. Новајлијата во Трета лига – Исток немаше сили за одличниот Карбинци кој стигна до нов висок триумф.

Гостите преку Дарко Левков стигнаа до рано водство уште во 16. минута, а само три минути подоцна Христијан Стојчевски израмни на 1:1. Сепак, само девет минути беа потребни за Карбинци да го врати водството од 1:2.

На стартот од вториот дел Саше Соколов постигна гол за 1:3 со што Карбинци во финишот од мечот влезе со сигурно водство. Веќе во 65. минута Дарко Стојчевски ја зголеми предноста на 1:4, а тоа беше и конечен резултат.

Актуелниот шампион Овче Поле се проби на врвот од табелата по пет одиграни кола во Трета лига – Исток, откако без поголеми проблеми запиша убедлива победа над Рудар од Пробиштип со 3:0.

Берти Стојановски постигна гол за водство на домаќинот од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Николче Симонов беше двоен стрелец за конечни 3:0. При резултат од 2:0 Дарио Димковски одбрани пенал за домашниот состав.

Во Делчево убедлива победа од 4:2 запиша Брегалница која славеше над Победа од Валандово. Двоен стрелец за домашниот тим беше Дарко Пешовски, а по еден гол постигнаа Антон Ратков и Филип Димитровски. За гостите стрелци беа Лазар Атанасов и Благоје Зајков.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!