ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Снегот ја завеа Битола, одложен натпреварот меѓу Пелистер и Ренова

Нема услови за игра во Битола откако во градот цела ноќ врне снег и снежната покривка е голема што значи дека натпреварот меѓу Пелистер и Ренова официјално нема да се одигра денес.

Наместо пет натпревари од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига, ќе бидат одиграни само четири.

Пелистер како домаќин треба да пријави нов термин за одигрување на натпреварот или алтернативен стадион каде ќе се одигра овој натпревар во следните денови. Неофицијално, натпреварот можеби веќе утре ќе биде одигран во Прилеп, но, сепак, останува да почекаме за официјална потврда од клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!