(ФОТО) Смилков: Амбициите на Вардар Неготино остануваат исти – влез во Втора лига!

Вардар Неготино интензивно се подготвува за новата сезона од Трета лига – Југ, во која повторно остануваат исите амбиции – атак на врвот и преку бараж повторно да се бори за пласман во Втората македонска фудбалска лига. Вардар Неготино во новата сезона ќе биде предводен од тренерскиот двоец Марјан Смилков и Марјан Стојанов.

„Вардарци“ подготовките ги започнаа на 4. август и за овој подготвителен период одиграа два пријателски натпревари. Триумф од 0:3 над Росоман и триумф од 0:3 над Локомотива од Градско.
„Амбициите остануваат исти како и минатата сезона, односно влез во Втората македонска фудбалска лига. Имаме респект кон секој протовник, секој натпревар за нас ќе биде како бараж натпревар“, вели тренерот Марјан Смилков за Спортска Мрежа.

Во досегашниот тек од сезоната Вардар Неготино се засили со Борче Гогов на позиција штопер, Пане Гогов на позиција среден играч, Слободан Манев, исто така на позиција штопер, Доне Јанев на позиција голман, Дејан Митрев (крилен играч), Дарко Нацев (играч од среден ред).
ПОВЕЌЕ ОД МЕБЕЛ – САЛОН ЗА МЕБЕЛ ГИРРИГ – ГОЛЕМ ИЗБОР И ГОЛЕМИ ПОПУСТИ
„Дополнително, на полусезона се планира да се земат уште две екстра засилувања, за да го пречекаме баражот како што треба“, ни изјави Смилков.

Колку за потсетување, Вардар Неготино минатата сезона играше бараж за влез во Втора лига, но истиот го загуби во пенал рулетот од Караорман (шампион на Трета лига – Југозапад) кој по една деценија се врати во второлигашкото друштво.
