ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Слога Виница се врати на врвот, Саса ја „прегази“ Победа!

Каменица Саса го „тресна“ лидерот Победа со убедливи 3:0 на Градскиот стадион во Македонска Каменица во дербито за врвот од табелата. „Рударите“ до убедливиот триумф стигнаа со погодоците на Никола Божинов во првиот дел и на Ненад Нешовски и Дарко Алексовски во вториот дел. Со денешниот триумф Саса се враќа повторно во сериозна трка за враќање на врвот!

Каменица Саса – Победа

Беласица забележа минимален триумф над Кит Го со 0:1. Стрелец на единствениот погодок во Пехчево беше Зоран Митевски во 82. минута.

Кит Го – Беласица

Реми во Гевгелија меѓу Кожуф и Детонит со резултат од 1:1. Домашните преку Стефан Терзиев први го отворија резултатот во 30. минута од мечот. Во вториот дел Петар Левков во 59. минута ја стресе мрежата на Ников за конечните 1:1 и голем бод за радовишани.

Слога со 3:0 ја доби Локомотива и изби повторно на врвот од табелата. Резултатот беше отворен со гол на капитенот Иван Митров во 40. минута. Во вториот дел капитенот на гостите од Градско си постигна автогол во 81. минута, а седум минути подоцна Христијан Крклински ги постави конечните 3:0.

Слога Виница – Локомотива

Осогово убедливо триумираше над „фенерџијата“ Братство со високи 2:4. Првиот дел заврши со резултат од 1:1, а први до водство дојдоа гостите од Кочани по само 60 секунди игра преку Иван Мицевски. Домашните брзо постигнаа погодок откако Мемет Идризи стрелаше за 1:1 во 13. минута. Во вториот дел капитенот Тоше Манов беше довен стрелец, а погодок постигна и Андреј Симевски за високи 1:4. Конечените 2:4 ги постави Самир Каришиќ во финишот од натпреварот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!