ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ФОTO) Слога Виница по мечот со Пелистер: Како клуб сме оштетени во секој поглед!

Слога 1934 од Виница минатиот викенд во рамки на 8. коло од ВМФЛ гостуваше во Битола, каде со 3:0 загуби од Пелистер, кандидат за влез во Првата македонска фудбалска лига. По завршувањето на натпреварот, второлигашот од Виница реагира на судиските одлуки, како и на судиската анализа направена од страна на судиската комисија на ФФМ.

  • Целосното соопштение на Слога 1934 Виница:

„На кого му смета ФК Слога1934 Виница, во изминатиот период нашиот клуб во неколку наврати беше оштетуван од страна на судиите во втората лига но овој пат ова беше врв на се , затоа до сега молчевме но во иднина јавно ќе ги објавуваме сите спорни моменти и грешки . Имено на последниот натпревар со екипата на ФК Пелистер ние како клуб сме оштетени во секој поглед, од каде да започнеме два сомнителни гола признати за домакините, потоа неколку сомнителни офсајди и прекршоци кои го одведоа натпреварот во сосема друг правец. И згора на се сето ова судиската комисија на ФФМ го потврди недосудената офсајд позиција при постигнатиот прв гол на екипата Пелистер. А додека два други спорни моменти кои што требаше да ги разгледа во кој едниот ни се поништува гол судиската комисија не ги ни разгледа а се регуларни, потоа досуден сомнителен офсајд во позиција за гол од наша страна при резултат 2:0 итн. Можеме да набројуваме и да посочуваме уште многу спорни моменти но сметаме дека доколку се земат во обзир неколкуте грешки кои ги чинат судиите на терен особено кон екипите кои не се многу познати , дали намерно или пак да се одложат на некој т.е нерасчистени сметки ќе треба да се запрашаме дали има смисла да се игра фудбал во Македонија и дали треба некој да си ги троши парите во иднина се цел да се задоволат поедини клубови и личности. Да се надеваме дека ова нема да им прерасне во пракса, но како што тргнало фудбал ќе се игра само за судиите а не за публиката“, се вели во соопштението на второлигашот од Виница.

  • Фотографии од спорните моменти кои ги посочува Слога 1934 Виница:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!