ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Слога од Виница означи старт на подготовките, договорени неколку засилувања

Второлигашот Слога од Виница ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората лига – Исток. По одличната есенска полусезона второлигашот од Виница останува со истите амбиции – пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Во понеделникот се одржа прв официјален состанок меѓу управата и играчите, додека пак во текот на вчерашниот дел се одржа и првиот тренинг со што беше означен стартот на подготовките.

Од екипата си замина Ерион Шуку чија позајмица е измината и се враќа во Шкупи, Далибор Костовски, Стефан Кузевски, Халил Бериша кој кариерата ја продолжува во Косово и Христијан Митревски кој направи трансфер во второлигашот Охрид.

Нови играчи во екипата на Слога се Благојчо Коцев кој доаѓа од кочански Осогово, Давид Мирчовски кој доаѓа од струмичка Беласица, Ивица Илиевски и Огне Лазаров кои се повратници во екипата.

До крајот на неделата во Виница ќе пристигнат уште неколку играчи кои ќе бидат на пробен период, а ќе бидат официјализирани уште 2 до 3 засилувања.

Клубот од Виница преговара исто така со неколку спонзори кои треба да му дадат финансиска стабилност на овој второлигаш, кој во есенскиот дел покажа одлични резултати што го трасираше патот во пролетниот дел Слога да се бори за историско учество во Првата македонска фудбаслка лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!