ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Слога од Виница официјално ги започна подготовките за новата сезона

Второлигашот Слога од Виница и официјално од вчера ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток. Екипата вчера го имаше првиот тренинг со новиот тренер Никола Кузманов.

На состанокот претседателот на клубот, Златко Насев го претстави новиот шеф на стручниот штаб Никола Кузманов, кој на фудбалерите ја презентираше програмата според која ќе се одвиваат тренинг сесиите во припремниот период.

На состанокот, исто така, присуствуваше и градоначалникот на општина Виница, Ивица Диитров кој ги поздрави сите присутни и им посака сезона поуспешна од претходната.

Слога се раздели со Антонио Бујчевски, Игор Момировски, Христијан Кукески и Богдан Велиновски, а во наредните денови ќе бидат презентирани новите фудбалери кои се приклучија на екипата.

Инаку, Слога минатата сезона заврши на високото четврто место на табелата со 36 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!