ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Слога 1976 Лажани убедливо го порази Црнилиште на контролен натпревар

Третолигашите Слога 1976 Лажани и Црнилиште ја одиграа генералката пред стартот на новата сезона во Трета лига – Југ која ќе стартува веќе следниот викед (27. февруари).

На овој контролен натпревар Слога 1976 беше убедлива со 4:2 над Црнилиште со што победнички и максимално подготвена ќе влезе во новата сезона како нов член на Третата лига – Југ.

Погодоците за Слога 1976 ги постигнаа Александар Неделкоски, Виктор Стојаноски, Бетим Бајрами и Неџат Алиоски, додека кај Црнилиште стрелаа Блерант Ќамили и Асан Сефери.

Слога 1976 новата сезона ја стартува против Динамо, додека пак Црнилиште ќе гостува кај Росоман.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!