ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Слога 1934 ја „уништи“ Локомотива со ОСУМ ГОЛОВИ, по три бода за Беласица и Победа

Лидерот Слога 1934 без милост ја „прегази“ Локомотива од Градско и со 8:0 ја испрати во Трета лига – Југ. Сосема очекувана беше победата на лидерот од Виница, а таа денес беше потврдена со убедлив резутат.

Хет-трик во Виница постигна Бојан Иванов, двоен стрелец беше Илија Шуманов, а по еден гол постигнаа Андреј Симевски, Иван Митров и Булент Сали.

Дерби пресметката во Струмица заврши со голем триумф за Беласица од 2:0 над конкурентот Каменица Саса. Ваквиот резултат ја исфрли Саса од трката за Прва лига, па битката ја продолжуваат Беласица, Победа и лидерот Слога 1934 од Виница.

До трите бодови струмичани стигнаа уште во првиот дел со погодоци на Димитар Трајков кој го отвори резултатот, а Александар Коцев ја дуплираше предноста на конечните 2:0.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Пехчево на домашен терен се „лизна“ и загуби од радовишки Детонит со минимални 0:1. Стрелец на едиствениот гол вреден три бодови за радовишани беше Милан Чичевски.

Победа на домашен терен со 2:1 триумфираше над кочански Осогово. Прилепчани рано го отворија резултатот откако Јорданчо Наумоски во 7. минута погоди за 1:0, а само пет минути Бојан Спиркоски ја дуплираше предноста. Во 36. минута Тоше Манов погоди и намали на конечните 2:1.

Кожуф и Братство го поделија „пленот“ во Гевгелија играјќи 0:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!