ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

(ФОТО) Силекс во вториот дел немаше сили за Партизан, Асано двоен стрелец

Кратовски Силекс запиша четврт пораз на подготовките во Анталија, откако денес загуби во дуелот од Партизан со 3:0.

Македонскиот прволигаш одигра солидно прво полувреме, но сепак, фаворитот од Србија во вториот дел беше подобар и дојде до сигурна победа.

Двоен стренец беше Такума Асано кој погоди во 66. минута за 0:1 и во 80. минута за 0:2, додека стрелец на третиот гол беше Миловановиќ.

На претходните три контролки, Силекс запиша пораз од српски Нови Пазар, пораз од украински Колос и Шахтјор Доњецк од Украина.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!