ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Силекс во снежно Кратово го „тресна“ Тетекс, нови победи за Вардар и Воска Спорт

Силекс ништо не го запира – денес во снежното Кратово на домашен терен со убедливи 3:1 триумфираше над Тетекс од Тетово и останува и понатаму непоразен лидер на табелата. Сашо Дуков два пати ја стресе мрежата на противникот од Тетово, а пред крајот на првиот дел за убедливи 3:0 стрелаше Јордан Серафимовски. Во вториот дел „штофарите“ преку Дамјан Масевски ги поставија конечните 3:1.

Силекс – Тетекс

Вардар одвај дојде до минимален триумф на гостувањето кај Беса (0:1). Стрелец беше Филип Петковски во 78. минута од мечот.

Беса – Вардар

Охрид на „Билјанини Извори“ со 4:2 го декласираше Гостивар и забележа три многу важни бодови во битката за сигурен опстанок. Гостите преку Лорик Љика први го отворија резултатот по четири минути игра. Атдхе Мазари веќе во 12. минута израмни на 1:1, а Ајрадин Цуцули погоди за водство на охриѓани од 2:1 кое траеше четири минути, бидејќи Љавдрим Скендери ја стресе мрежата на домашните за 2:2 на полувреме. На стартот од вториот дел Рони Синани си постигна автогол, а Аљбин Рамадани ги постави конечните 4:2 во 70. минута.

Кораби конечно го пронајде патот до триумф откако на гостувањето кај Кадино триумфираше со сигурни 1:3. Резултатот го отвори Стефан Богдановски за водство од 1:0 за Кадино. До крајот на првиот дел гостите израмнија на 1:1 со гол на Бљерон Муча. Во вториот дел Берат Исмаил погоди за водство на Кораби од 1:2, а до крајот на мечот Абдулвахит Мурати ги постави конечните 1:3.

Кадино – Кораби

Воска Спорт дојде до цел „плен“ на гостувањето кај Велешта каде триумфираше со 1:2. Капитенот Изаир Емини погоди за 0:1 по единаесет минути игра. Во вторито дел Наум Вељаноски ја дуплираше предноста, а конечните 1:2 ги постави Ермин Анруши на осум минути пред крајот на мечот.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!