ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Силекс со подготовки за Прва лига, главната фаза ќе се реализира во Анталија

Есенскиот првак во Втората лига – Запад, екипата на Силекс интензивно се подготвува за пролетните предизвици.

Кратовскиот второлигаш, предводен од Горазд Михајлов, веќе една недела се подготвува во Кратово, каде ќе биде реализирана првата фаза од подготовките, а потоа екипата заминува за Анталија- каде ќе биде одработена главната фаза во период од 27. јануари до 9. февруари.

ФОТО: Спортска Мрежа

На турско тло ќе бидат одиграни и пет контролки, а истите се веќе закажани. Кратовци ќе ги одмерат силите со српски Металац, Торпедо Москва од Русика, бугарска Монтана, Мариупол од Украина и Рапид Виена од Австрија.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

ФОТО: Спортска Мрежа

Силекс есенската полусезона ја заврши на врвот од табелата со 41 бод, девет повеќе од второпласираната Воска Спорт, а дури 12 повеќе во однос на третопласираниот Вардар. Токму овие три екипи ќе ја водат битката за пласман во Прва лига, а најсериозен кандидат за директен кам-бек е Силекс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!